Ќе се гради браната Отиња кај Штип, Владата одвоила 7,5 милиони евра

44

Владата ќе помогне во изградбата на браната Отиња кај Штип. Ова го најави премиерот Зоран Заев кој денеска е во посета на Штип.

„Проектот, кој штипјани го чекаат повеќе од 35 години, а тоа е изградбата на насипната брана Отиња станува реалност, Владата ќе помогне. Овој капитален објект конечно ќе биде реализиран и градот под Исарот, кој воодушевува со туристичките атракции и културно-историски споменици, ќе стане уште поатрактивна локација за домашните и странски туристи, со која ќе се гордеат сите граѓани на нашата држава, Северна Македонија“, рече Заев, најавувајќи дека Владата ќе помогне во реализирање на овој стратешки проект вреден 7,5 милиони евра.

Тој рече дека проектот обезбедува еколошки гарантирано протекување на реката Отиња, односно заштита од поплави, како и снабдување со технолошка вода за наводнување на зеленилото во градот.

Отиња е проект со многу контроверзи. Се собираа пари од месен самопридонес и со години лежеа, а браната никако не се градеше. Пред некоја година Штип се откажа од изградбата, притоа беа наведени повеќе причини.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.