Ќе се изненадите каков секс преферираат жените

721

Каков секс преферираат жените? Група научници спровеле истражување за сексуалните фантазии врз 1.516 испитаници кои добиле листа од дури 55 најразлични сексуални фантазии (од секс со повеќе партнери до секс што вклучувал објекти и животни).

Испитаниците требало секоја фантазија за секс да ја оценат според интензитетот, а онаа омилената да ја опишат колку што можат подетално.

Како најпопуларна фантазија кај двата пола се истакнал сексот што вклучува романтични чувства. На врвот исто така се најдоа и сексот на необични места и неочекуваниот секс.

Сепак, тука не е крајот на занимливите податоци. Дури 65 отсто од жените ја избрале сексуалната потчинетост како една од омилените сексуални фантазии. Повеќе од 52 отсто од жените се одлучиле за различни видови врзување, 36 отсто за плескање, а 28, 9 отсто сонуваат за тоа мажот да ги присили на секс.

На ваквите фантазии исто така се палат и мажите, но тие сепак предност даваат на фантазиите за орален секс, за вонбрачен секс и за ејакулација по телото на партнерката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.