Ќе се плаќа за влез во Пантеон

Влезот во Пантеон, еден од најзачуваните древни светски споменици на културата, ќе се наплатува од мај 2018 година, најави италијанското министерство за кутура и туризам, додавајќи дека и натаму влезот ќе биде бесплатен за лицата кои присуствуваат на верски служби.

Сега христијанска црква а некогаш светилиште посветено на сите староримски божества, минатата година забележало 7,4 милиони посетители.

Влезницата ќе чини 2 евра за едно лице, се наведува во објавата на италијанското министерство во која се додава дека во текот на верските обреди нема да бидат дозволени туристичките посети.

Дел од приходот од влезниците ќе биде искористен за одржувањето на овој локалитет на која Марко Випсаниј Агрипа отколу 27 година пред Христа го подигнал храмот во чест на императорот Август.

Сегашната форма на Пантеон и шест метри дебелите ѕидини датираат од раниот период на владеењето на царот Хадријан, кој дошол на власт во 117 година. Градбата ги преживеала нападите на варварите на Рим и е претворена во христијанска црква во 609 година.

Во внатрешноста на Пантеон се наоѓаат гробовите на ренесенасниот уметник Рафаел и на двајца италијански кралеви.