Ќе се решава проблемот со отпад во Куманово

Во просториите на Центарот за развој на Североисточниот плански регион во вторникот министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и градоначалникот на Куманово , кој воедно е и претседател на Североисточниот плански регион Зоран Дамјановски, го потпишаа Меморандумот за спроведување на Рамковната спогодба меѓу Владата и Комисијата на европските заедници за постапките за спроведување на финансиската помош од Унијата.

Со потпишувањето на овој документ се воспостави формална договорна основа за успешно спроведување на пет проекти планирани во рамките на повеќегодишната Секторска оперативна програма за животна средина и климатски акции за ИПА II (2014-2020).

„Со потпишување на овој Меморандум ја воспоставивме правната рамка за реализација на планираните проекти преку кои ќе спроведеме набавка на опрема за собирање и транспорт на комунален отпад во Северо-источниот плански регион, ќе воспоставиме соработка за затворање и рехабилитација на непрописните диви депонии и ѓубришта во Северо-источниот регион, како и инвестициски проект за изградба на централна депонија за Источниот и Северо-источниот регион“, истакна министерот Дураки.

На средбата присуствуваа и градоначалници од повеќе општини од регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.