Ќе се врши минирање на карпест материјал на автопатот Миладиновци-Штип

Од ГД Гранит АД Скопје – Р.Е Свети Николе известуваат дека денеска ќе се врши минирање на карпест материјал на дел од ново проектираната траса на Автопатот Миладиновци – Штип на Клучка Три Чешми ( Рампа Свети Николе- Кочани) стационажа од км 0+424,00 до км 0+485,00.

Од АМСМ соопштија дека минирањето ќе се изврши во 14,00 часот под надзор на полициска патрола која ќе биде присутна за регулирање на сообраќајот кој ќе се одвива на главната траса во период од 13:45 до 14:15.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози и наместа влажни коловози на некои повисоки места.

ГП ИЛИНДЕН- Струга известува дека на 29-30.01.2018 год. на регионалниот патен правец Р- 1301 од Билјанини извори- Населба Коњско ќе започне измената на режимот на сообраќај поради изведување на градежни работи на пат.
Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.