Кеирош: Во фудбалот нема правда

Селекторот на Иран, Карлос Кеирош ги критикуваше ФИФА и ВАР-системот откако неговата селекција одигра нерешено со Португалија, а судијата Енрике Касерес на десет минути пред крајот не му покажа црвен картон на Роналдо, кој со лакт удри противнички фудбалер.
Иран одигра 1:1 против Португалија и го заврши својот настап на Светското првенство во Русија.

Дуелот со Португалија покажа дека нема правда за „малите“ репрезентации. Судијата треба да ја запре играта, да ја погледне снимката и да го види удирањето. Според правилата, удирање со лакт е црвен картон. Сепак, тоа не е така кога од другата страна се Роналдо или Меси. Овде не се работи за судиите, туку за ставот, храброста и карактерот. Одлуките можат да бидат јасни за сите, на овој начин претседателот на ФИФА, Инфантино и ВАР не се движат во вистинската насока, изјави Кеирош по натпреварот.

Португалецот на клупата на Иран додаде дека ее задоволен од настапот на Мундијалот.

Бевме конкурентни играјќи против најдобрите светски екипи. Иран со ставот, дисциплината, контролата, заслужи да ја победи Португалија. Сепак, во фудбалот нема правда, завршил иранскиот селектор.