Спорт

Откако беше избркан од „Торонто“ Кејси нов тренер на „Детроит Пистонс“

Кејси нов тренер на „Детроит Пистонс“

Поранешниот тренер на „Торонто Репторс“ , Двејн Кејси (61) е нов тренер на „Детриот Пистонс“ . Кејси го предводеше тимот од Канада од 2011 година. Тој  беше прогласен за најдобар тренер минатата сезона во НБА лигата, откако „Торонто“ имаше најмногу победи на Источната конференција. Сепаак, Кејси доби отказ по поразот од 4:0 во полуфиналето од доигрувањето од „Кливленд Кавалирс“.

 

Кејси не чекаше многу за новиот ангажман и ќе ги преземе „Пистонс“, кои на крајот од мај ја прекина соработката со тренерот и претседател на кошарските операции, Стен ван Ганди.

„Детроит“ и Кејси се согласија со петгодишна соработка, додека други детали за договорот сè уште не се објавени.