Кејт Миделтон е најубавата жена на светот

Војвотката од Кембриџ, Кејт Миделтон, ја понесе титулата икона на убавината.Во годишната анкета во која учествувале две илјади жени во Велика Британија, Кејт била прогласена за најубава жена на светот. Ова е третпат по ред Кејт Миделтон да биде прогласена за симбол на убавината. И претходните две гласања, ги дадода истите резултати.

Во годинешната анкета, војвотката зад себе оставила бројни светски убавици. Со својата убавина и стил ги засенила популарната телевизиска водителка Холи Вилоугби и поп ѕвездата Бијонсе кои ги заземаа второто и третото место.

Таа е симбол на британската нација и нејзината титула, икона на убавината е загарантирана.За ваквиот успех е заслужен нејзиниот беспрекорен имиџ во јавноста, но и стил во кој просечната жена може да најде инспирација.

Голем број на жени во Велика Британија го следат примерот на Кејт Миделтон. Кафеавата боја за коса и природната шминка никогаш не биле попродавани. Интересно е што на листата на најубави жени, друштво на Кејт и правеле голем број на бринети.