(ФОТО) Кејт Миделтон најубаво облечена жена во светот

Британската принцеза, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон петти пат е прогласена за најдобро облечена славна личност, според изборот на популарниот магазин „Венити фест“.

560.kate.2.lc.70511

Триесет и двегодишната сопруга на принцот Вилијам, со кого се зедоа во 2011 година е дел од „Холот на славните 2014“ на „Венити фер“, каде што оваа година се најде и Карл Лагерфилд, Лупита Нјонго, Ема Вотсон, Кејт Бланшет, Фарел Вилијамс.

kate-middleton--z

Кејт Мидлтон е без конкуренција кога станува збор најдобро стилизирана британска дама. Со софистицираниот и одмерен стил е инспирација за многу сонароднички кои следејќи го нејзиниот пример тврдат дека здолништата и фустаните до колена се апсолутно во тренд. Таа ги уважи и советите на кралицата Елизабета, која ја посоветува дека треба да се облекува малку „покралски“.

e8be4ee8bf1f7bc0_KM.xxxlarge_0

За Кејт велат дека има непогрешлив моден вкус, а за икона на стилот беше прогласена уште додека беше обична девојка. Со влегувањето во кралското семејство стана уште попрефинета и сега е репер на кој се угледуваат многу девојки низ светот, кои сакаат да изгледаат пристојно, женствено, а воедно и секси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.