Кејт Мидлтон е повторно бремена?

Магазинот „Стар“ пишува дека  војвотката од Кембриџ е повторно бремена. Според магазинио кралската двојка  се надева на девојче и дека Кејт и Вилијам сметаат дека за нивниот Џорџ би било совршено да има помлада сестра

Магазинот додава дека тие се надеваат  на девојче и дека Кејт и Вилијам сметаат дека за нивниот Џорџ би било совршено да има помлада сестра. Неодамна на еден настан Кејт цела вечер се држела за стомакот, а анонимен извор потврдил дека причина за тоа е втората бременост.

„Изгледаше прекрасно, блескаше. Изгледаше како по малку веќе да се забележува стомакот, а Вилијам беше многу внимателен спрема неа. Ја прашуваше дали треба да седне, дали сака нешто да јаде… Беа преслатки“, изјавил извор за „Стар“.

Кејт, наводно, е бремена веќе три месеци, а дури е неодамна на војвотката и’ е потврдено дека чека дете. Тоа го споделиле со сите членови на кралското семејство и сите биле воодушевени.