Кел откри дека Хулк сака да игра за Борусија Д.

Заменик капитенот на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Себастијан Кел, откри дека брзилскиот интернационалец од редовите на Зенит, Хулк, сака во следната сезона да го носи “жолто-црниот” дрес на европскиот вицешампион.

“Хулк ме праша дали може во новата сезона да го носи дресот на Борусија Дортмунд. Не знам дали Борусија може да си дозволи таков фудбалер, дали е можно да се реализира еден таков трансфер. Исто така Хулк има огромна годишна плата. Но одговор на ова прашање може да даде само извршниот директор на Борусија од Дортмунд”, изјави Кел.

Големата желба на бразилскиот интернационалец може да стане реалност само доколку официјалната понуда на германскиот бундеслигаш за неговите услуги не биде помала од 40 милиони евра.