Келаифи: Сити ќе зажали ако испрати понуда до Матуиди

Насер Ал-Келаифи, претседателот на најбогатиот француски клуб, ПСЖ, испрати јасна порака до раководните лица на Манчестер Сити дека истите ќе направат кардинална грешка доколку без дозвола испратат официјална понуда до крилниот напаѓач, Блаисе Матуиди.

“Не, не сум загрижен поради информацијата дека Сити е сериозно заинтересиран за услугите на нашиот фудбалер Блаисе Матуиди. Не сум загрижен затоа што челниците на Манчестер Сити добро знаат што може да се случи ако испратат понуда без да добијат дозвола. Ќе има голем конфликт. Потоа ние без нивна дозвола ќе стапиме во контакт со нивните фудбалери. ПСЖ како клуб има респект кон сите останати клубови. Сепак, ако еден клуб, без наша дозвола, стапи во контакт со некој фудбалер кој игра за ПСЖ, тогаш тој клуб ќе мора да ги прифати сите последици. Ова што го кажав не се однесува само на Манчестер Сити, а знам дека Сити до сега нема остварено контакт со Матуиди”, изјави Келаифи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.