Келн му пружи силен отпор на Баерн

Во последниот натпревар од второто коло на германското фудбалско пренство, минхенски Баерн како домаќин го совлада Келн со 3:2, а сите пет голови беа постигнати во второто полувреме.

Баерн поведе со 2:0 со погооците на Роберт Левандовски во 50 и Серж Гнабри во 59 минута, меѓутоа веќее во 60 преку Ендотни Модест и во 62 минута прекиу Марк Ут на Келн му донесоа израмнување. Сепак, во 71 минута Гнабри со вториот погодок на мечот постигнат со извонредно силен удар од дистанца ги обезбеди бодови за актуелниот шампион.

Баерн со победата им се придружи на Хофенхајм, Баер и Фрајбург кои имаат по четири бодови, два помалку од водечкиот Волфсбург кои е единствен стопроцентен, додека Келн е во групата со три бода.

Претходно во недлата Хофенјам со 2:2 дома ремизираше против Унион Берлин. Гостите поведоа со голот на Нико Гизелман во 10 минута, но вече во 14-та израмни Кевин Алпогума. Хофенхајм направи резултатски пресврто во 30 минута кога прецизен беше Јакон Брин Ларсен, но Таиво Анвомји во 47 минута го постави конечниот резултат,

Унион Берлин по воведните две кола е 11-ти атабелата со два бода.