Владата на Велика Британија го назначи Кен Мекалам за нов директор на МИ5, објави денеска британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател.
Мекалам е вработен во МИ5 веќе 25 години и бил задолжен за борба против терористички напади од Олимпијадата во Лондон во 2012 година.
Тој го замени Ендру Паркер кој во април оди во пензија.