Кенија: Најавена изолација на двата најголеми бегалски кампа во Африка

Министерот за внатрешни работи на Кенија, Фред Матијаги најави забрана за влез и излез на луѓе од двата најголеми бегалски кампа во Африка како дел од мерки за борба против ширењето на Ковид -19.

Матијаги не дал други детали, но добротворната организација „Кер“ (CARE) предупредува дека камповите  „Дадаб“ и „Какума“ немаат ресурси да се справат со евентуална појава на зараза.

Организацијата наведува дека кампот „Дадаб“ во источна Кенија има простор за карантин за околу 2.000 луѓе и дека во самиот камп се сместени дури 290.000 бегалци, претежно од Сомалија.

Околу 60.000 бегалци се сместени во кампот „Какума“ во северна Кенија, главно од Јужен Судан.