Кербер го освои Вимблдон

Германската тенисерка Ангелик Кербер е годинешната победничка на Вимблдон, откако во финалето во саботата ја совлада Американката Серена Вилијамс со 6:3 и 6:3 за помалку од еден час игра.

За Кербер ова е трета „грен-слем“ титула во кариерата, првите две ги освои во 2016 годна кога беше победничка на Аустралиан Опен и УС Опен. Истата година Германката играше и во финалето на Вимблдон и беше поразена токму од Серена Вилијамс со 5:7 и 3:6.

Вилијамс, пак, во своето десетто вимблдонско финале го претрпе третиот пораз. Остана со седум титули во „Ол Ингланд Клаб“ и вкупно 23 „грен-слем“ титули во поединечна кариера, односно една помалку од рекордерката Австралијката Маргерет Курт.

За 36-годишната Американка ова беше прв настап во финалето на некој „грен-слем“ турнир по раѓањето на ќеркичката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.