Кери: За Асад нема место во преодната Влада на Сирија

Државниот секретар на САД смета дека за сирискиот претседател Башар ал Асад нема место во преодната Влада на Сирија, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

„Треба да сме реални. Преодната Влада не може да биде формирана, ако една од страните не се согласува со кандидатурите. Затоа Башар ал Асад не може да биде дел од преодната влада“, истакнал американскиот дипломат на отворањето на меѓународната конференција за Сирија, „Женева-2“ во Монтре.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.