Откако денеска излегоа информации дека Срѓан Керим и Јана Станисављева се недостапни за СЈО, Керим во изјава за „Макфакс“ појасни дека не се точни информациите, посочувајќи дека негова работа е каде ќе оди.
Јас сум достапен за сите, па и за СЈО. Каде ќе одам и што ќе правам е моја приватна работа. Ниту сум под истрага ниту сум цел на прогон, порачува Керим, додавајќи дека информациите ги смета како хајка намерно насочена кон него за да се дискредитира лично.