Ќерка на британски милионер исчезна на патување околу светот

Дваесет и двегодишната Грејс Милан, ќерка на британски милионер Дејвид Милан, исчезнала на Нов Зеланд, во текот на нејзиното патување околу светот, пишува таблоидот Metro.

Своет патување девојката го започнала од Перу, а пред две седмици пристигнала на Нов Зеланд, по што престанала да комуницира со семејството и пријателите. Нејзиниот татко изјави дека Грејс пред исчезнувањето имала обичај секојдневно и постојано да испраќа фотографии од местата кои ги посетувала.

Нејзиниот последен пост на Twitter е од 30-ти ноември, ден пред последен пат да биде видена.

Полицијата на Окленд потврди дека на случајот со исчезнување на британската државјанка се ангажирани 25 службеници, кои со часови ги прегледуваат снимките од надзорните камери следејќи го движењето на Грејс. Последен пат таа била забележана со придружник во хотелот „CityLife“, по што веќе никој не ја видел ниту комуницирал со неа.

Официјални претставници на полицијата за локалните медиуми рекле дека се соочуваат со „сериозни проблеми“ во врска со исчезнувањето на Миллан, како и дека ја разгледуваат и верзијата за можно убиство.