Ќерката на министерот Димитров ангажирана во негов ресор?!

Јана Димитрова, ќерка на министерот за надворешни работи Никола Димитров чиешто школување во холандски Утрехт на сметка на македонските даночни обврзници предизвика контроверзии, на нејзиниот профил на професионалната мрежа „Линкедин“, се пофали дека е ангажирана и стажира во Министерството за надворешни работи.

На профилот на Димитрова, таа напишала дека во моментов е стажант во одделот за човекови права на Министерството за надворешни работи. Но останува непознато дали се работи за македонското МНР, кое го води нејзиниот татко или за МНР на Холандија, пишува порталот Лидер.

 

 

Владата со 40.000 долари ја стипендира ќерката на шефот на дипломатијата Димитров?!