Кети Мари Брнс е кандидат на Трамп за амбасадорка во Македонија

Ако номинацијата на Трамп ја помине сенатската комисија за надворешни работи, Кети Брнс треба да го започне својот мандат како амбасадор во Скопје најрано од крајот на јануари 2019 г.

Со ранк на професионалец во Стејт Департментот и дипломат со над 20 годиншно кариера, Кети Брнс во моментов е заменик шеф на мисијата на САД во Атина, а има служено на повеќе дипломатски позиции меѓу кои и како заменик амбасадор на САД при ОБСЕ и специјален советник на мисијата на САД при НАТО во Брисел.

Ова би било нејзина прва позиција како амбасадор. Инаку Брнс се дипломирала и магистрирала на престижниот Џорџ Таун универзитет во Вашингтон и зборува Шпански, Унгарски и Турски, а добитниик на повеќе престижни награди во рамки на Стејт Департментот.