Кети Пери избегала од хотелот во кој биле Том Хенкс и сопругата

96

Музичката ѕвезда Кети Пери (35) која е бремена, заминала од Австралија бидејќи престојувала во истиот хотел во кој биле Том Хенкс (63) и неговата сопруга Рита Вилсон (63), кои се заразени со коронавирус.

Кети Пери ја скратила турнејата во Австралија кога избувна паника поради коронавирусот.

Пејачката е видена како излегува од својот автомобил и се движи кон аеродромот во Сиднеј на 12 март. Таа носела темносива тренирка и сив дуксер. На рацете имала ракавици, а на главата качулка и слушалки. Таа ставила перница на устата, црни очила на очите и едноставни, удобни патики на нозете.

Со оглед на тоа што неодамна откри дека е бремена од Орландо Блум, 35-годишната пејачка веројатно се обидувала да се заштити од вирусот што го преплави светот.

Кети беше 24 часа заробена во хотелот „Хајат парк“ во Сиднеј. Тоа е истиот хотел во кој се престојувале Том Хенкс (63) и неговата сопруга, пејачката Рита Вилсон (63), кои моментно се во изолација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.