Кети Пери со огромен скок стана најплатена пејачка според Forbes

Магазинот Forbes ја објави традиционалната годишна листа на најплатените пејачки, на чијшто врв годинава е Кети Пери која направи огромен скок откако при ланското рангирање се најде неа деветтото место.

На челната позиција Кети Пери се искачи благодарејќи на концертната турнеја „ Witness: The Tour“ којашто и’ донела заработка од 83 милиони американски долари.

На второто место е Тејлор Свифт. Нејзината заработка минатата фгодина е проценета на 80 милиони долар. Како што забележуваат од Forbes, значајна улога притоа имал албумот „ Reputation“ кој во првата седмица по издавањето беше продаден во околу два милиона копии.

Третото место го зазема Бијонсе, којашто заработила 60 милиони долари. Минатата година таа ја подреди кариерата на воспитувањето на децата, малку настапи и издавање на албумот кој го сними со сопругот Џеј-Зи.

На четвртото место е Пинк со приходи од 52 милиони долари, додека на петото место е Леди Гага која минатата година заработила 50 милиони долари. Оени првата десетка се вброени Џенифер Лопез, Рија,а Хелене Фишер, Селин Дион и Бритни Сприс.