Кети Пери со видеоспот објави дека чека бебе со Орландо Блум

Поп ѕвездата Кети Пери (35) откри дека заедно со свршеникот Орландо Блум (43) го чекаат првото заедничко дете.

Пејачката одлучи да ја открие веста за бременоста на необичен начин – преку видеоспот за нејзиниот најнов сингл „Never Worn White“. Таа го покажува трудничкото стомаче во последните кадри од четириминутното видео.

„О боже, многу ми е мило што не морам веќе да го вовлекувам стомакот“, напиша Пери на Twitter по објавувањето на видеото. „Или да носам огромна чанта.“

Пери, која претходно беше во брак со Расел Бранд, е во врска со Блум од 2016 година.

Во стори на Instagram Пери рече дека заедно со свршеникот се „возбудени“ и „среќни“ и дека бебето треба да се роди отприлика во истото време кога ќе излезе нејзиниот шести албум.

Пери ја објасни и одлуката да ја открие веста за бременоста преку видеоспот:

„Дечки, сакам да ви кажувам сѐ, ама знаев ќе ви кажам на најдобриот начин на кој знам, преку музика, бидејќи така комуицирам со вас. Така комуницираме едни со други.“

Таа додаде дека веќе има одредена храна на која не може да ѝ се насити – бурито со табаско сос.

Блум веќе го има деветгодишниот син Флин со поранешната сопруга, австралискиот модел Миранда Кер.

Британскиот актер ја запроси американската пејачка во февруари, 2019 година, а судејќи по стиховите на „Never Worn White“ можеби наскоро ќе има и свадба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.