Кетрин Омани (51) за интимните детали од врската со принцот Хари: Ми го подари најстрасниот бакнеж во животот

Поранешната британска ТВ ѕвезда Кетрин Омани ги сподели спомените од нејзината романса со принцот Хари, пренесува Мирор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Catherine Ommanney (@catommanney)

Кетрин Омани (51) призна дека принцот Хари „ѝ го подарил најстрасниот бакнеж во животот“. Според Омани, таа го запознала војводата од Сасекс во мај 2006 година, кога тој официјално бил во врска со Челзи Дејви. Во моментот на нивната средба, Хари имал 21 година, а Омани 34. Жената додава дека „аферата“ со најмладиот син на сегашниот крал на Велика Британија траела еден месец.

Кетрин Омани рече дека решила да ги сподели своите спомени кога дознала дека принцот Хари ќе пишува за неговите поранешни девојки во неговите претстојни мемоари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Catherine Ommanney (@catommanney)

„Се сомневам дека ќе бидам во книгата на Хари бидејќи принцот не може да побегне со 34-годишна мајка на две деца, тоа едноставно не е прифатливо“, им рече Омани на новинарите.

Кетрин Омани, која своевремено глумеше во американското реално шоу The Real Housewives of Washington, ја нарече аферата со принцот „времето на мојот живот“, но призна дека не сакала вистинска врска, бидејќи тој е многу помлад од неа.