Кевин Дјурант не се враќа на паркетот сезонава

Ѕвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дјурант, нема да се врати на кошаркарските терени до крајот на сезоната, и доколку НБА лигата го продолжи натпреварувањето прекинато поради пандемијата на коронавирусот, пишуваат американските медиуми, повикувајќи се Адријан Војнаровски, стручњакот за НБА на мрежата ESPN.

Дјурант сѐ уште закрепнува од операцијата на Ахиловата тетива, којашто му пукна во петтиот натпревар од минатогодишното финале, кога Торонто Рапторс ја освоија титулата против тогашните бранители Голден Стејт Вориорс, а кои тогаш настапуваше кошаркарот.

Во ланскиот летен период Дјурант ненадејно потпиша четиригодишен договор со Бруклин Нетс вреден 164 милиони долари, па неговиот сегашен клуб не сака да ризикува со својата најголема инвестиција, иако главниот менаџер Шон Маркс неодамна изјави дека не сака да ја отфрла можноста од враќањето на Дјурант на паркетот доколку биде продолжено натпреварувањето прекинато на 11-ти март, а нема знаци дека наскоро ќе биде продолжено.

„Кевин Дјурант не се враќа во тимот на Нетс оваа сезона. Тоа нема да се случи… Нема да му дадат да заигра“, објави Војнаровски на својот авторски поткаст.

Закрепнувањето на Дјурант тече добро, што го потврди и менаџерот на Нетс.

„Нашите тренери и физиотерапевти направија одлична работа за да го доведат до овој стадиум, но никој не знае како оваа пандемија ќе влијае врз сите, а особено врз Кевин“, изјави Макс.

Петтиот натпревар од НБА финалето во 2019-та одигран пред 11 месеци беше и последниот во кој настапи 31-годишниот крилен кошаркар в кој во дресот на Оклахома Сити Тендерс ја освои титулата најкорисен играч во лигата во сезоната 2013/2014, а во дресот на Голден Стејт Вориорс двапати беше прогласуван за најдобар игра во финалната серија.