Кевин Дуран и тројца негови соиграчи заразени со коронавирусот

Четворица кошаркари на членот на американската НБА лига, Бруклин Нетс, меѓу кои е и ѕвездата на клубот и лигата Кевин Дуран, се позитивни на новиот тип на коронавирусот, потврди во вторникот клубот.

Тројца играчи биле без симптоми, додека еден покажувал симптоми на брзо ширење на вирусот, неколку дена откако Јута Џез извести дека двајца нејзини играчи, исто така, биле позитивни на тестовите за коронавирусот.

Нетс во писмена изјава за јавноста наведуваат дека сите четворица играчи се изолирани и под строг надзор на лекарот на екипата, но не ги идентификуваат заразените кошаркари.

Меѓутоа, Кевин Дуран самиот потврди дека е заразен со Covid-19.

„Бидете внимателни, чувајте се и останете во карантин. Ќе минеме преку сево ова“, порачува една од моментално најголемите ѕвезди на НБА лигата.

„Организацијата во моментов ги известува сите кои биле во контакт со играчите, вклучително и нивните неодамнешни ривали“, порачаа од Нетс.

Раководството на НБА лигата од минатата седмица е суспендирана , а првиот заразен играч беше францускиот центар на Јута Џез, Руди Гобер, кој по дијагнозата веднаш се извини поради неговите претходни шеги во врска со коронавирусот.

Покрај Гобер, потврдено е дека заразени се и неговиот соиграч Донован Мичел и играчот на Детроит Пистонс, Кристијан Вуд.