Кевин Лав преминува во Кливленд

59

По Леброн Џејмс, во Кливленд кавалирс доаѓа и најдобрата четворка во НБА-лигата, Кевин Лав, кој, според пишувањето на одредени медиуми во САД, веќе постигнал договор со тимот од Охајо.

Во замена за Лав, неговиот сега поранешен тим Минесота тимбервулфс ќе ги добие Ендру Вигинс, Ентони Бенет и можност за избор во првата рунда на наредниот драфт.

Се очекува Лав со Кавалирс да потпише петгодишен договор вреден 120 милиони долари, односно по 24 милиони по сезона.

Кога на Џејмс и Лав ќе се додаде и Кајр Ирвинг, јасно е дека Кливленд ќе има голема тројка која ќе го предводи тимот до освојување на титулата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.