Кевин Спејси мора на продуцентите да им плати 31 милион долари отштета

891

Посрамената американска филмска ѕвезда Кевин Спејси ќе мора да плати веќе 31 милион долари отштета на продукциската куќа MRC којашто стои зад „Куќа од карти“, телевизиската серија во која играше до отказот добиен поради обвинувањата за сексуално вознемирување.

Продуцентската куќа којашто ја реализираше популарната приказна за политичките интриги емитувана на стриминг каналот Netflix, бараше отштета за изгубениот приход што се припишува на ненадејното заминување на Спејси од серијата, откако против него се појавија обвинувањата за сексуално вознемирување и злоставување.

Судијата ја донел одлуката на 19-ти октомври, кога MRC го поднел тужбеното барање пресудата да биде потврдена пред судот во Лос Анџелес.

Во документите на MRC, во кои имале увид повеќе американски медиуми, се наведува дека откако обвинувањата излегле на виделина, Спејси е суспендиран и дека е покрената интерна истрага која покажала дека ѕвездатга ги прекршила одредите од договорот за глумата и за извршната продукција со кои се поставени стандардите за однесување на работното место.

Бранот обвинувања кој ја прекина кариерата на 62-годишниот актер се совпадна со агресивната кампања на движењето #MeToo против сексуалното вознемирување и злоставување, поттикната од случајот на некогаш неприкосновениот холивудски продуцент и голем донатор на американската Демократска партија, Харви Вајнстин.

Двојниот оскаровец Кевин Спејси во петте сезона од „Куќа од карти“ го толкуваше ликот на бескрупулозниот американски политичар Френк Андервуд, сѐ додека во медиумите не беа изнесени обвинувањата за неговото сексуално вознемирување на работното место.

„MRC немаше никави сознанија за таквото однесување на Спејси“, се наведува во соопштението на продукциската куќа која се смета за успешна, и која наведува дека наводно поради наглото заминување на актерот од серијата морала да ја реорганизира работата, што резултирало со „значителни загуби“ за продукциската куќа.

Појаснуваат дела повторно морале да го пишуваат сценариото без главниот лик во серијата Андервуд, па морало да биде прилагодена шестата сезона којашто наместо 13 на крајот имаше осум епизоди.

Продукциската куќа правната битка против Спејси ја покрена уште во 2019 година. Адвокатите на актерот не одговараат засега на барањата на медиумите за коментар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.