КФМ реагира за начинот на кој салата „Кале“ му е дадена на советникот на Заев

Кошарскаркската федерација на Македонија на чело со претседателот Перо Антиќ преку соопштение реагира за малверзациите кои се направени при давањето под закуп на салата Кале на поранешниот прв човек на Федерацијата Даниел Димовски.

Од КФСМ информираат дека единствената вистина е дека федерацијата, со посебна одлука на Владата на РСМ, го доби во свое владение објектот означен како спортска сала при СРЦ „Кале“, односно големата сала при Спортскиот центар „Кале“ во Скопје (СРЦ Кале 1).

Целиот случај е под истрага на Анитикорупциската комисија а како главен човек кој ја водел целата постапка е Димовски кој е еден од советниците на поранешниот премиер Заев.

СООПШТЕНИЕТО ОД КФСМ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Кошаркарската федерација на Северна Македонија сака да ја информира јавноста во врска со последните пишувања на средствата за јавно информирање во нашата земја.

Пред сè, да изразиме сериозна загриженост поради пренесените информации поврзани со стопанисувањето на спортскиот објект при Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје.

Во оваа прилика сакаме да испратиме демант до сите загрижени за функционирањето на кошаркарската федерација, особено оној дел поврзан со инфраструктурата.

Точно е дека федерацијата, со посебна одлука на Владата на РСМ, го доби во свое владение објектот означен како спортска сала при СРЦ „Кале“, односно големата сала при Спортскиот центар „Кале“ во Скопје (СРЦ Кале 1).

Веруваме дека сето ова ви е доволен доказ за чесното функционирање на Кошаркарската федерација која во овој случај, со кој немаме никакви допирни точки, е крајно злоупотребена со изнесените дезинформации во јавноста.

Апелираме до одредени структури, кои го користат моментот да се јават со разно-разни конструкции, да не нè внесуваат нас во своите криминални игри.

Во една ваква, вонредна ситуација, во која пред сè, треба да се грижиме за некои други, многу поважни работи, над сè здравјето на луѓето, вклучително и кошаркарските клубови, спортските работници, играчите, во најмала рака е несериозно да се изнесуваат невистини поврзани со работата на федерацијата.