КФОР го прошири присуството на своите војници во Звечан

КФОР денеска е стациониран на влезот во Звечан со едно оклопно возило, а воени возила може да се забележат и на улицата над црквата, како и кај основното училиште во овој град. Во моментов има австриски и полски контингенти.

Откако претседателот на Српската листа Горан Ракиќ во средата во разговор со офицерот на КФОР во Звечан побара да го прошират своето присуство за да се спречат провокации меѓу граѓаните и косовската полиција, видливо е дека патролите на КФОР се наоѓаат на улиците и крстосниците во градот.

На ова решиле откако во средата се случил инцидент кога граѓани го скршиле стаклото на полициското возило кое, според Ракиќ, полно со косовски полицајци со намера, како што рече, да „провоцираат“ се возело низ толпата граѓани.

Тој исто така тврди дека полицајците запираат возила и го апсат секој кај што ќе најдат српско знаме или симболи на маица што „не им се допаѓа“.

Од друга страна, КФОР сѐ уште е на своите позиции пред оваа зграда, а од утрово во повеќе делови од градот.

На протестот денеска во униформи се и работниците од рудникот „Трепча“. Нивното доаѓање беше пропратено со аплауз.