КФОР постави бодликавата жица на границата со централна Србија

На административниот премин Јариње во моментов е мирно, а припадниците на КФОР поставиле бодликава жица зад административната линија, додека полициски кордон е формиран од страната на границата кон централна Србија.

Според извештаите меѓу 150 и 200 лица кои дошле од Србија, Црна Гора и Република Српска на најавената средба се собрале во близина на преминот од страната на централна Србија и биле на околу 150 метри од преминот.

Командата на КФОР соопшти дека полициските сили биле засилени од правец на централна Србија кон преминот, што создало кордон и не им дозволило на насобраните да ја преминат административната линија.

Припадниците на КФОР се од другата страна на поставената бодликава жица, има десетици припадници на КФОР, може да се видат многу возила на КФОР, џипови и друга воено полициска техника, јавија српските медиуми.

Досега не се регистрирани инциденти, и ситуацијата е мирна, но имало гнев кај луѓето кои не можеле да ја поминат административната линија, а дошле да им дадат поддршка на Србите од Косово.

Неколку десничарски организации од Србија, Црна Гора и Република Српска за денеска најавија протест. под мотото „Збор на Јариње, никогаш граница“. Митингот се одржува на деветиот ден од барикадите на Србите на Косово, и по апсењето на тројца поранешни косовски полицајци кои се обвинети за сторени воени злосторства.