Кијану Ривс и Винона Рајдер се венчале во филм 1992 година, технички сѐ уште се во брак

Кога во 1992 година го снимале филмот “Bram Stoker’s Dracula”, Кијану Ривс и Винона Рајдер снимиле сцена со венчавка, а холивудскиот глумец речиси 30 години подоцна верува дека пред Бог се сѐ уште венчани бидејќи во филмот ги венчавал вистински свештеник.

Ривс и Рајдер во 2018 година во интервју за Entertainment Weekly коментирале за соработката со Франциско Форд Кополо зборувајќи дека славниот режисер за потребите на снимањето ангажиал вистински свештеник од Романија.

„Снимивме сцена со вистински свештеник, дури и го изговоривме судбоносното “да”. Зарем не се сеќаваш? Се венчавме за Денот на вљубените”, насмеано го потсети Рајдер.

Ривс за истата тема неодамна коментирал за Esquire: “Винона вели дека сме во брак. Копола се согласува. Така што ние пред Бог сме венчани”.

Да се потсетиме дека Кијану и Винона соработувале на четири филмови, а последниот “Destination Wedding” го претставиле во 2018 година,