Магазин

Поради проблем со воздушните перничиња „Киа“ повлекува 507.000 возила од САД

„Киа“ повлекува 507.000 возила од САД

Јужнокорејскиот производител на автомобили „Киа“ повлекува 507.000 возила од САД поради, како што пренесува порталот „Engadged“ неисправни воздушни перничиња.

Во оваа група возила влегуваат моделите Forte произведени во периодот од 2010 до 2013, Optimus од 2011 до 2013, Optimus Hybrid од 2011 и 2012 година како и Sedona, кај кои се случува краток спој, кој што може да го спречи отворањето на воздушните перничиња во моментот на судир.

„Киа“ се уште нема решение за овој проблем, но во компанијата интензивно работат со нивниот снабдувач на делови и се надеваат дека ќе имаат решение до крајот на јули.

Агенцијата за безбедност на сообраќајот во САД започна истрага во март годинава откако извести дека воздушните перничиња во автомобилите на „Хјундаи“и „Киа“ не се активирале за време на судир, како и по четири пријавени смртни случаи. Проблемот е лоциран кај воздушни перничиња кои имаат краток спој на компјутерите. Во февруари,пак,„Хјундаи“ повлече речиси 155.000 автомобили од моделот Sonata.