ВИДЕО: Кичево се гуши во чад, министерот Љупчо Николовски на плажа

Кичево се гуши во чад додека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Лупчо Николовски е на одмор во Шпанија.

Загрижени граѓани кои до редакцијата на Курир испратија видеа од моменталната состојба во градот велат дека во Кичево е загушливо и тешко се дише.

Министерот Николовски во моментот е на одмор во Шпанија, а туристите кои преку Кичево одат накај Охрид, Македонците, Албанците и другите граѓани кои живеат во Кичево мака мачат со чадот и загадениот воздух.