Кичеец си ја одработува слободата дадена од Заев

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски повтори дека на објавените „бомби“ разговори од средби на Христијан Мицкоски со Зоран Милески Кичеец нема ништо инкриминирачко, како и дека во моментот на средбата, Милески не бил осуден и дека за него во тој момент не се водела никаква судска постапка.

Како што може да се види и да се чуе во јавноста од страна на медиумите тогаш во тој момент кога се случила средбата Зоран Милески – Кичеец за него не се водат судски случаеви, не се води буквално никаков судски случај и тој тогаш не е осуден. Но, имаше и од страна на претседателот Мицкоски веќе и јавно дадена изјава дека тој се среќава со слободни граѓани буквално со сите кои што ќе сакаат да го сретнат. Од она што можам да кажам околу соработките на лидерите со овој лик морам да потенцирам дека тоа јасно се гледа од изборниот резултат во Охрид и практично сега уште еднаш повторно истиот тој лик Зоран Милески си ја одработува слободата дадена од Зоран Заев, иако веќе претходно осуден на неколку годишна казна, вели Арсовски.

Истакна  дека ВМРО-ДПМНЕ воопшто не стравува од ништо и од никого, а најмалку од оваа политика на СДСМ и на Зоран Заев.

Морам да потенцирам исто така дека со оглед на криминалот на Зоран Заев, на неговото семејство, но и на врвот на СДСМ и власта морам да признам дека тие навистина има од што да стравуваат, а само би ги повикал граѓаните, јавноста, медиумите, институциите бурно да го следат следниот период се’ она кое што ќе биде објавено во јавноста, вели Арсовски.