Кичевец кривично пријавен за нелегално вршење јавен превоз

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 65-годишниот М.С. од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.

Тој на 18-ти јануари годинава на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што било утврдено дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.