Кичево се гуши, стапуваат мерките за заштита

Министерството за животна средина информира дека изминатите два дена во Кичево се надминати дозволените вредности на загадување со ПМ 10 честички со што се прогласува алармантна состојба.

„Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека истиот е надминат на мернoто место во Кичево“, се наведува во информацијата.

Кичево
02/01/2023 162.07
03/01/2023 160.04

*концентрациите се изразени во mg/m3

Во  соопштението од министерството за животна средина се додава дека за оваа состојба се информирани Министерстввата за  здравство и за труд и социјална политика, како и Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Институт за јавно здравје и Општина Кичево.