Норвешката полиција денеска соопшти дека сопругата на милионерот Том Хаген е киднапирана и дека нејзините киднапери барале откуп од девет милиони евра.

Нејзиниот сопруг, инвеститор во недвижности и сопственик на 172 енергетски објекти, е на листата на 400 најбогати лица во Норвешка, што ја објави норвешкиот финансиски магазин „Капитал“.

Главниот истражител Томи Броеске изјавил дека Ане-Елизабет Фалкевик Хаген исчезнала на 31 октомври минатата година.

Полицијата соопшти дека во пораката пронајдена во куќата на Хаген источно од Осло, било опишано што ќе и се случи на неговата сопруга ако не биде платен откупот во крипто валута Монеро.