Киев ја повикува Москва да ги повлече војниците од границата

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја повика Русија да ги повлече војниците од границите на Украина. Кулеба на својот Твитер профил на социјалните мрежи објави објава за тензиите меѓу неговата земја и Русија.

Нагласувајќи дека дипломатијата е единствениот сигурен начин, Кулеба рече: „Ако руските власти се сериозни во тоа да не сакаат војна, Русија треба да продолжи со дипломатскиот ангажман и да ги повлече воените сили од границите на Украина и привремено окупираната украинска територија“, напиша Кулеба.

Кулеба, исто така, се заблагодари на Велика Британија што ги предводи глобалните напори за одвраќање на Русија. Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас во неделата даде изјава во врска со проширувањето на санкциите против Русија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.