Киев и Москва не можат да се договорат за транзитот на руски гас низ Украина

41

Не се оддржаа преговорите за потпишување на нов договор за транзит на гас меѓу Русија и Украина, што беа планирани за денеска, јавија руските медиуми.

Украинскиот министер за енергетика Алексеј Оржел предложи проблемот денеска да биде разгледан. Руската страна го прифати предлогот но под услов дотогаш „Нафтагаз” и „Газпром” да се договорат за техничките детали.

На 13 декември истекува последниот рок кога Русија и Украина можат да склучат долгорочен договор за транзит. Актуелниот договор истекува на крајот на декември.

Москва смета дека новиот договор е можен само под взаемно откажување од заканите со меѓународна арбитража и со прекин на судските предмети.

Киев соошти дека овие услови се неприфатливи.

Своите побарувања кон руски „Газпром“ украинската „Нафтогаз” ги проценува на 22 милијарди долари.

Рускиот министер за енергетика, Александар Новак, подвлече дека регулирањето на обврските „е еден од главните елементи” на идниот договор.

Рускиот претседател Владимир Путин и шефот на „Газпром” Алексеј Милер се на мислење дека Киев предлага неприфатливо високи тарифи за транзитот, доколку евентуално се потпише нов договор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.