Свет

Киев најави продолжување на операцијата во источна Украина

Киев најави продолжување на операцијата во источна Украина

Операцијата на безбедносните сили во источна Украина ќе продолжи без разлика какви одлуки ќе донесат проруските сепаратисти, вклучувајќи ја и таа од референдум на 11 мај, соопштил денеска секретарот на украинскиот Совет за безбедност и одбрана Андриј Парубиј.

– Ние ќе ја продолжиме операцијата. Уверени сме дека таа ќе продолжи успешно и ќе го има очекуваниот ефект, нагласи Парубиј на прес-конференција во Киев.

Германската Влада вчера ги повика украинските власти да ја прекинат офанзивата во источните региони на земјата.

– Киев треба да ги прекине своите воени дејствија против проруските сепаратисти во источна Украина, изјави координаторот на германската Влада за односите со Русија, Гернот Ерлер во интервју за весникот „Ноје Оснабрукер Цајтунг“.