Киев нападнат со проектили, во цела Украина воздушна тревога (ВИДЕО)

Додека светските лидери ја осудуваат руската инвазија на Украина на самитот на Г20, Русите го нападнаа Киев со нови проектили, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на изјавата на градоначалникот.

Најмалку два проектила погодија станбена зона во главниот град на Украина во последниот час, потврди градоначалникот на Киев, пишува Скај Њуз.

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека противвоздушната одбрана соборила неколку проектили над Киев.

Засега не се знае дали има жртви, но Кличко изјави дека лекарите се на местото на ракетните напади. Во меѓувреме, сирените за воздушен напад повторно се огласуваат низ Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.