Киев не може да ги докаже „иранските дронови“, САД го обвинија Гутереш дека попуштил пред „руските закани“

САД, без да прецизираат со факти, го обвинија во понеделникот генералниот секретар на Обединетите нации, Антониот Гутереш, дека наводно „очигледно попуштил пред руските закани“ и дека не испратил функционери во Украина да ги прегледаат беспилотните летала кои ги користи Русија, а за кои Вашингтон и Киев тврдат дека ги испорачал Иран, а Москва и Техеран тоа го негираат.

Русија негира дека ги користи иранските дронови „Шахед-136“ во нападите врз воени цели и клучната енергетска инфраструктура во Украина и тврди дека станува збор за беспилотните летала од домашни производство, во прв ред „Ланцет“ кои ги користи уште од почетокот на војната.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан изјави дека Техеран ја снабдувал Руската Федерација со беспилотни летала, но многу пред почетокот на војната во Украина, а не како што тврдат западните земји предводени од САД и Велика Британија во текот на последните месеци, во обидот да наметната нови санкции за Иран и во пропагандната војна да го наметнат мнението дека руската војска нема доволно средства за водење војна.

Претходно во понеделникот постојаниот руски претставник во ОН, Василиј Небензја ги опиша како „надуени“ обвиненијата против Москва за употреба на ирански дронови, истакнувајќи дека Киев сѐ уште не може да му достави документирани докази на Техеран за таквите тврдења.

Во дискусијата во ОН, Небензја во врска со можното заживување на договорот за иранската нуклеарна програма од 2015 година меѓу Техеран и шесте светски сили од кој САД еднострано излегоа во 2017 година, рече дека сака да ја истакне другата тема којашто западните колеги се обиделе да ја наметнат во текот на дискусијата, за наводните испораки на беспилотните ирански летала за Русија. Притоа истакна дека „обвинувањата се апсолутни измислени и вештачки создадени“.

„Познато е дека претставниците на Киев досега не успеаја да му предадат на Техеран преку билатералните канали каков и да е документиран доказ за употреба од страна на руската војска на беспилотни летала од ирански производство“, рече Небензја на седницата на Советот за безбедност при ОН.

Претходно САД, Велика Британија, Германија се обидоа да  ја префрлат во Советот за безбедност на ОН вината за непочитувањето на договорот за иранската нуклеарна програма од 2015-та врз Техеран, тврдејќи дека со наводните испораки на оружје на Русија наводно се кршела Резолуцијата во Советот за безбедност во врска со договорот.

Иран претходно соопшти дека евентуални испораки на негово оружје никогаш не биле опфатени со нуклеарниот договор и оти тоа е негово внатрешно прашање. Западните земји инсистираат Гутереш да испрати функционери во Киев да го истражат нивното тврдење, а Техеран и Москва се уверени дека тоа досега можело да се стори и украинската страна да ги достави евентуалните докази и стравуваат дека претставниците на ОН ќе бидат под силен притисок од западните и украинските функционери во Украина.

„„Жал ни е што ОН не започнаа нормална истрага за тоа кршење“, изјави заменикот на американскиот амбасадор во ОН, Роберт Вуд, на состанокот на Советот за безбедност во понеделникот за резолуцијата на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година.

Во извештајот на Советот за безбедност при ОН претходно во декември, Гутереш наведе дека функционерите на светската организација ги истражуваат достапните информации и дека сите наоди ќе им бидат достапни на надлежните во догледно време.

Запрашан во понеделникот за наводниот притисок со кој се соочил, Гутереш на новинарите им изјави дека обвиненијата од Западот дека Иран наводно ја снабдувал Русија со беспилотни летала кои се користат во Украина „се разгледуваат во поширок контекст на сето она што ОН го преземаат во врска со таа војна, а за да се утврди дали и кога би требало да се испратат функционери во Киев“.

Но Гутереш не се изјасни по прашањето за огромните контингенти оружје од колективниот Запад, САД и НАТО, кои му се испраќаат на Киев, а коешто меѓу другото се користи и за гаѓање цивилни цели во отцепените проруски региони на украинскиот југоисток, како и цели на територијата на Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.