Киев отфрла операција на спасување на борците во „Азовстал“

Челниците на украинските вооружени сили ја отфрлиле можноста за изведување операција за извлекување и спасување на војниците и другите борци од челичарницата „Азовстал“ крај јужниот пристанишен град Мариупол кој е целосно под контрола на проруските украински сили и руските единици, бидејќи офанзивата против руските војски би чинело многу човечки животи.

„Таквата операција за деблокада би барала голем број војници, бидејќи украинските сили се оддалечени 150 до 200 километри“, изјавил заменикот на началникот на украинскиот генералштаб, Олексиј Хромов во средата.

И покрај објавите на Киев од средата дека неговите сили наводно напредувале на разни позиции, особено во Харков потиснувајќи ги руските единици, „таквата операција би чинела многу човечки животи, бидејќи руските војници изградиле силна одбрана“, додал Хромов.

Рускиот претседател Владимир Путин пред две седмици нареди да не се изведуваат јуриши во доброутврдените подземни коридори на огромниот металуршки комбинат „Азовстал“ и да не се прават непотреби човечки жртви, туку да се зајакне обрачот околу областа за да се спречи извлекување на украинските борци или можна операција за нивно спасување.

Сепаратистичкиот водач на Доњецк, Денис Пушилин, претходно во средата истакна дека според приближните процени, на територијата на огромниот фабрички комплекс во моментов има уште околу 1.200 украински борци, откако на почетокот од блокадата на „Азовстал“ двете страни соопштуваа дека 3.500 украински борци и странски платеници се утврдиле во челичарницата. Досега, според објавените информации, доброволно се предале над 1.500 припадници на поморската пешадија на украинските вооружени сили, а биле заробени повеќе групи странски платеници кои се обиделе да се извлечат од опкружувањето кон териториите под контрола на властите во Киев.

Според украинската вицепемиерка Ирина Верешчук, во челичарницата има уште околу 1.000 „бранители, а од нив половината се ранети“.

Киев се обраќаше до разни организации за помош при евакуација на ранетите. Верешчук претходно во средата објави дека Киев ѝ предложил на Москва тешко ранетите борци од „Азовстал“ да бидат разменети за руските воени заробеници и додаде дека „договорот сѐ уште не е постигнат …. преговорите продолжуваат’.

Сопругите на опколените борци од „Азовстал“ со протести бараа да се помогне во нивното извлекување, а во средата папата Франциск разговрараше со Катерина Прокопенко, сопруата на Денис Прокопенко, командантот на баталјонот „Азов“’ формиран со средства од украинските олигарси во 2014-та од припадници на екстремните националистички движења како на пример Десен сектор, како и со Јулија Федојук чијшто сопруг, исто така, е утврден во опкружувањето во „Азовстал“. Жените бараа од папата помош за спасување на нивните сопрузи и другите војниици.

Командатнтите на украинските борци неодамна преку видео браќање од подземните коридори во „Азовстал, исто така, бараа помош од Киев и меѓународната јавност за извлекување опишувајќи ја ситуацијата како драматична, но и порачаа дека предавањето не доаѓа предвид, бидејќи не веруваат дека руската војска ќе ги поштеди и порачаа дека ќе се борат до смрт.

Украина во саботата бараше од Лекари без граници (Médecins Sans Frontières – MSF) да организира мисија на евакуација и згрижување на војниците од „Азовстал“. Но имајќи ги предвид операциите коишто оваа меѓународна невладина организација претходно ги изведуваше во Сирија на страната на противниците на претседателот Башар ал-Асад по чиешто барање Русија воено интервенираше, и политичките изјави насочени против Москва, малку е веројатно дека MSF ќе се обидат на некаква самостојна акција.

 

Откриен подземен тунел кој водел надвор од „Азовстал“

Силите на самопрогласената Доњецка Народна Република откриле тунел преку кој украинските борци излегувале од територијата на „Азовстал“ за снабдување со вода од блиската река, изјави командантот на министерството за внатрешни работи на сепаратистичкиот регион, Александар Ходаквоски.

Според него, излезот на површината минувал преку цевките под железничката линија.

„Висината на тунелот е најмалку три метра, широчината овозможува движење без тешкотии кон излезот до реката од којашто судејќи според трагите, непријателот се снабдува со вода. Денеска тунелот беше блокиран, од страна на непријателот еден ‘двесте’ (мртви) и еден ‘триста’ (ранети)“, напиша Ходаковски на Telegram.

Додава дека „милитантите се заморени од борбите и бараат ослободување, но го одигруваат последниот чин“.

Минатата седмица проруските сили во Украина, објавија дека украинските борци во „Азовстал“ го искористиле тридневниот прекин на огнот објавен од руска страна за евакуација на цивилите од фабричкиот круг, за да ги минираат приодите кон комплексот.

На веб-страницата на московскиот дневени весник Известия, беа објавени цртежи на кои се прикажани плановите за подземните нивоа на „Азовстал“. Новинарот кој имал увид во документите, опишува дека била достапна работната документација како и цртежи на неколку подземни простории на фабриката со детални инженерски податоци.

Дијаграмите ја прикажувале структурата на фабриката однатре, особено подземните нивоа и локацијата на неколку производствени погони. Техничката документација, пак, го содржела генералниот план, информации за транспортниот систем во кругот на целиот комбинат и податоци за технологијата на производството и снабдувањето со воздух во подземните коридори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.