Министерството за одбрана во Москва соопшти дека Русија ќе одговори на украинските воени вежби со соборување ракети што ќе се најдат во зона на летови над Симферопољ и Одеса.
Воени бродови на Црноморската флота зазедоа позиции во близина на западниот брег на Крим за време на украинските ракетни тестирања на 1 и 2 декември. Заедно со единици на ВО базирани на копно на Крим, бродовите формираат практично непробоен штит од непријателски ракети, вели воен извор за руски медиуми.