Киев повторно ја исклучи можноста за територијални отстапки во замена за мир

Украина во неделата повторно ја исклучи можноста за моментален прекин на огнот на што неодмана повикаа американскиот министер за одбрана Лојд Остин и италијанскиот премиер Марио Драги, како и на идеите за територијални отстапки кон Русија кои се јавија во дел од меѓународната заедмица, додека Москва ја засилува офанзивата во мнозинските руски и рускојазични исток и југ на соседната земја и се изведуваат силни напади во регионот Донбас и Николаев.

Киев е поддржан во тврдењата главно од Лондон и Вашингтон дека ѝ нанел на Русија воени несупеси, па е нејасно поради што украинските функционери се загрижени дека ќе се најдат под притисок да жртвуваат територија за постигнување мировен договор.

„Војната мора да заврши со целосно обновување на украинските територијален интергитет и суверенитет“, објави на Twitter шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Ермак.

Полскиот претседател Анджеј Дуда ја понуди помошта на Варшава, и покрај шпекулациите дека неговата земја е заинтересирана за некои територии присоеднити на Украина од СССР по Втората светска војна, пред пратениците во Киев. Дуда порача дека меѓународната заедница од Русија треба да бара целосно повлекување, како и дека жртвувањето на територија би претставвуал „огромен удар“ за целиот Запад.

„Се појавија загриживачки мислења дека Украина би требало да се согласи на барањата на (рускиот претседател Владимир) Путин. Само Украина има право да одлучива за својата иднина“, рече Дуда.

Полскиот претседател е првиот странски челник кој лично се обрати во Врховната Рада (украинскиот парламент) од почетокот на руската инвазија на 24-ти февраури. На истата седница на парламентот, украинскиот претседател Владимир Зеленски го повтори барањето до Западот за уште посилни економски санкции за Русија.

„Мерките за запирање на агресијата не би смеело да бидат половични“, рече Зеленски.

Медиумите пренесуваат дека кусо откако Зеленски и Дуда ги завршиле обраќањата пред пратениците, во Киев се огласиле сирените за воздушна тревога, како потсетник дека војната и натаму трае, иако фронтот е во моментов оддалечен стотина километри од украинската престолнина.

Главниот украински преговарач во преговорите кои од крајот на март по средбата во Истанбул не се обновија, Михаило Подолјак, претходно ја отфрли можноста за територијални концесии и ги отфрли повиците за прекин на огнот, велејќи дека тоа би значело дека руската војска ќе остане на заземената украинска територија, што за Киев е неприфалтиво.

„(Руските) сили мора да ја напуштат земјата, по што ќе може да продолжи мировниот прцес. Концесите би можеле да имаат спротивен ефект, бидејќи Рисја прекинот на борбите ќе го искористи за да закрепне и да се врати уште посилна“, изјави Подолјак во интервјуто за агенцијата Reuters објавено во саботата, и споменатите повици на моментален прекин на огност ги нарече „многу необични“.

Проруските сили помогнати од руските единици водат голема офанзива во Луганск, заедно со Доњецк двата одметнати проруски региона по превратот во Киев во 2014 година во областа Донбас, во обидите да излезат на административните граници на регионот пред 2014-та.

Најтешкит борби се водат околу градовите Севернодонецк и Лисичанск, изјави советнико во украинското министерство за внатрешни работи Вадим Денисенко во неделата. Станува збор за градови кои се најголеми центри во делот од територијата на Луганск кои се под контрола на украинската војска.

Во неделата проруските сепаратисти во Доњецк објавија дека и покрај жестоките артилериски гранатирања од страна на украинската војска, успеала да уништат повеќе оклопни борбени возила на украинските сили, како и дека во тие борби биле убиени 22 припадници на паравоениете сили на укранските националисти.