Киев: Руската војска намерно напаѓа складишта за гориво

Руските сили продолжуваат со ракетни напади врз станбени населби низ целата земја, намерно насочени кон складишта за гориво во обид да ја „отежнат логистиката“ и „да создадат услови за хуманитарна криза“, предупреди Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Во изминатите денови беа погодени магацини за гориво во неколку градови, како што е главниот град Киев, но и Лавов, Ривне, Житомир и Луцк, јави Би Би Си.

Според украинската војска, руски војници го тероризираат локалното население во главниот град Киев, Запорожје, Керсон и Харков, ограбувајќи, киднапирајќи и држејќи цивили како заложници.

Податоците за гранатирањето и акциите на руските војници не се потврдени од независни извори, објави Би Би Си.