Киев тврди дека во фокусот на руските напади во Лисичанск е нафтена рафинерија

Руските сили користат артилерија во обидот да го блокира југоисточниот украински град Лисичанск, на работ на административна граница на отцепената проруска област Луганск, и последниот град во регионот кој е под контрола на Киев, објави украинската армија во утринскиот преглед на состојбата во четвртокот.

Украинскиот генералштаб објави дека нападите се изведуваат околу рафинеријата за нафта во Лисичанск.

Проруските сепаратисти во меѓувреме повторно објавија дека ја преземале контролата над областа околу фабриката, според Родион Мирошник кој е претставник на сепаратистичките власти во Москва.

Украинската војска ја обвини руската за гранатирање на цивилна инфраструктура, а агенцијата DPA наведува дека не е можно таквите информации да бидат проверени од независни извори.

Истовремено, челникот на силите на сепартистите од Луганск, потполковникот Андреј Марочко во четвртокот изјави дека со поддршка на руските единици била заземени важни упоришта за развој на офанзивата во Лисичанск покрај рафинеријата.

„Рафинеријата за нафта е ослободена, има битки во самиот град, се нижат успеси, заземен и се важни точки за натамошното ослободување на градот“, изјавил Мирочник кого го цитира агенцијата РИА.

Претходно Мирочник објави дека украинските сили наводно добиле наредба да се повлечат од Лисичанск. Според него, киевските сили се повлекуваат кон северозапад.

Украинскиот генералштаб наведе дека борби се водат западно од градот и дека руските сили сѐ уште се обидуваат да воспостават контрола на клучниот патен правец меѓу Лисичанск и најблискиот град Бакхмут,

Киев извести и за напади североисточно од Бајхмут и наведе дека украинските сили успеале да ја запрат руската офанзива појужно, каде што противничките сили претрпеле „значителни загуби“. Поединости не се наведени.

Борбите продолжуваат и во втората отцепена проруска област Доњецк, а според Киев одбранети се и претходно заземени позиции во градот Харков на североистокот на земјата, за што исто така нема независна потврда.