Кикиљас: Изборите нема да влијаат на туристичката сезона во Грција

Министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас, говорејќи за грчката телевизија „Антена“ истакна дека нема простор за загриженост дека изборите во земјата би можеле да влијаат на туристичката сезона, а паралелно истакна дека очекуваат рекордна година во туризмот, јави дописничката на МИА од Атина.

За евентуалните втори избори кои би биле на почетокот на јули, Кикиљас објасни дека нема да влијаат врз туризмот бидејќи, како што рече, туристичката сезона е веќе започната.

Додаде дека веќе има зголемување за 20 отсто кај крузерите и 15 до 20 проценти на пристигнувањата, како на атинскиот, така и на регионалните аеродроми.

-Оваа година ќе биде рекордна година во туризмот со многу големи приходи. Ова нѐ прави задоволни, бидејќи туризмот е народната економија на земјата и на малите и средните претпријатија, на грчкото семејство и на малиот и средниот грчки бизнис им дава суфицит и дел. Тоа е индустрија која го поддржува примарното производство, земјоделството, трговијата, градежништвото и ги задржува работниците, истакна Кикиљас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.